Теа Јосимовска

асистент

НАУЧНИ ПОДРАЧЈА НА ИНТЕРЕС

  • Претприемништво

Повеќе за Теа Јосимовска

Теа Јосимовска е родена во Скопје, 1998 година, каде го завршува своето основно и средно образование. Потоа, своето образование го продолжува на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде во 2017 година се запишува на додипломски студии на Економскиот факултет на департманот за Финансиски менаџмент. Во 2021 година ги завршува студиите со исклучително висок успех со што станува студент со највисок просек во генерацијата и добива Признание за постигнат исклучителен успех Summa Cum Laude. По завршувањето на додипломските студии, во 2021 година се запишува на последипломски студии на Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на насоката Претприемништво. По одбраната на својот магистерски труд во октомври 2022 година, кој носи наслов: „Очекувања за цените во услужниот сектор – можности и предизвици за менаџерите и претприемачите во Република Северна Македонија“, се стекнува со називот магистер по економски науки во областа на претприемништвото.

Од декември 2022 година, Теа Јосимовска работи во Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзиното сегашно звање е асистент во областа на претприемништвото. Зема активно учество на стручни и научни конференции во земјата и странство, при што има објавено неколку трудови како автор и коавтор. Исто така е вклучена во реализацијата на научноистражувачката програма на Економскиот институт и учествува во изработката на повеќе проекти и студии од областа на претприемништвото. Во делот на наставно-образовната дејност е ангажирана како асистент на последипломските студии на Економскиот институт на предметите Претприемнички менаџмент; Претприемништво и мали бизниси; Креативност, иновативност и претприемништво и Електронски бизнис. Во моментов е запишана на докторки студии на струдиската програма Организациони науки и управување (менаџмент) на Докторската школа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.