Автор: Зоран Јаневски
Издавач: УКИМ Економски институт-Скопје | ЈазикМакедонски | Година2013
Оригинален наслов: Претприемништво и електронска трговија | Број на страни421 | Димензии: / | Корицамека
 

Во книгата авторот ги поместува резултатите од своите повеќегодишни истражувања на врските помеѓу претприемништвото и електронската трговија како фактори на конкурентност на претпријатијата, нивните меѓузависности и начините за нивно поттикнување. Книгата се користи како учебник за потребите на студентите на втор циклус студии на насоката претприемништво, за задолжителните предмети Претприемништво и мали бизниси и Претприемнички менаџмент, и за изборниот предмет Електронски бизнис. Воедно, истата се користи и како дополнителна литература за повеќе предмети од сите останати насоки на студиите од втор циклус на Економскиот институт, како и за одредени предмети на студиски програми од прв, втори и трет циклус студии кои се организираат во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и други универзитети.