Прв академски час за учебната 2023/2024

На 06 ноември 2023 година со почеток во 17 часот, во просториите на Економски институт-Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа првиот академски час за учебната 2023/2024 година. На првиот академски час свое обраќање имаше почитуваната Проф. д-р Биљана Ангелова –Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, редовен професор на Економскиот институт Скопје и свои пораки упатати почитуваниот Проф. д-р Зоран Јаневски– директор на Економскиот Иститут во Скопје. По завршувањето на свеченото обраќање се продолжи со заедничко дружење и запознавање на идните студенти со академскиот кадар од Економски институт УКИМ Скопје.