АЛУМНИ: М-р Билјана Хаџи-Јанева

По завршувањето на студиите се вработив во банка. Праксата и работењето со клиенти е искуство кое носи предизвици и бара дополнително знаење. Економијата и банкарството се области каде околината се менува, а знаењето и новите искуства се неопходни за соодветна реакција во различни макроекономски услови. Постдипломските студии на Економскиот институт ми помогнаа да внесам нова перспектива на моите видувања, а комбинацијата од пракса и студии односно надоградување на знаење е неопходна. Надоградбата на знаење веќе не е фаза од животот туку секојдневие. Економскиот институт ги исполни моите очекувања, професорите беа активно вклучени во програмата, имаа одлично разбирање и за моите останати обврски, а колегите го споделија своето знаење и искуство, па ентузијазмот и мотивацијата беа на високо ниво.

 

М-р Билјана Хаџи-Јанева
Раководител на тим во областа на Кредитен Ризик
ProCredit Holding AG
Frankfurt am Main, Germany