АЛУМНИ: М-р Катерина Костадинова Даскаловска

Кога после многу години работно искуство поминав од полето на официјалната статистика на полето на банкарското работење, решив да ги надградам моите знаења од областа на Финансискиот менаџмент. За таа цел го избрав Економскиот Институт Скопје: квалитетни студии, високо професионални и компетентни професори, љубезни, секогаш и веднаш расположливи за секое ваше прашање или барање! Постдипломските студии ми беа задоволство, а стекнатото знаење ми помогна многу полесно да се вклопам во банкарскиот сектор и  успешно да ги извршувам работните задачи во областа на управувањето со оперативните ризици во банкарското работење.

М-р Катерина Костадинова Даскаловска
Меѓународен консултант за пописи на население, социјални и родови статистики
(Пензионирана од позицијата Раководител на Одделение за оперативни ризици во Комерцијална Банка АД Скопје; поранешен Генерален Директор на Државниот завод за статистика  на Република Македонија)