АЛУМНИ: М-р Софија Куновска

Времето поминато на магистерските студии на Економски Институт-Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј, беше едноставно трансформативно и од големо значење за мојот професионален развој. Оваа академска патека не само што ми помогна да го продлабочам моето разбирање на економските науки и теорија, туку и ги прошири моите гледишта на дотогоаш незамислив начин. Оваа програма ми помогна и ме опреми со соодветно знаење кое успешно го применувам во различните оддели на реалниот сектор на фармацевтската индустрија на локално но и интернационално ниво.

 Институтот, кој што е познат по нивната експертиза и посветеност, беше инструментален за мојот интелектуален напредок. Предизвиците и менторството ме поттикнаа да размислувам критички, да прашувам соодветни прашања, и да ги истражувам нијансите на економските феномени, посебно во областа на спојувања и аквизиции.

 За крај, голема благодарност до професорите, кои со нивната компетентност, љубезност и верба во мене, ме инспирираа за постојано надоградување во областа на економијата и тоа е валидно до ден денес.  

 М-р Софија Куновска,
Стратешки асистент (Шеф на кабинет) на Главен Службеник за Стратегија и Раст
Новартис, Базел