Последипломските студии на Економскиот институт-Скопје, на насоката Финансиски менаџмент, ми овозможија проширување на моите знаења и поголема успешност како на животно така и на професионално поле.Да се биде поткрепен со знаење, но и да не се потклекне во процесот на учење е сѐ она што му е потребно на секого во својата работа. Надоградата во образованието е клучна за секој успех. Сега, по завршувањето, јас сум сигурна дека го направив најдобриот избор.
Голема благодарност до професорите за мотивацијата која ја вложивте во сите нас, а посебно што ја поттикнавте желбата да бидеме подобри во област која постојано бара натпреварувачки дух.
Од таа причина Виго препорачувам Економскиот институт – Скопје како високообразовна институција на која ќе го зголемите нивото на знаења и ќе го продолжите студирањето на втор циклус студии.
м-р Валентина Тодоровска,
CEO во “Про-Бетинг” Скопје
Сопственик и CFO во “Акаунтинг Солушнс” Скопје