АЛУМНИ: м-р Зоран Јанкуловски

Студирањето на втор циклус на студии при Економскиот институт-Скопје, на насоката Финансиски менаџмент, ги прошири моите хоризонти и знаења и ми овозможи уште поуспешно да ја работам својата работа.

Во текот на студиите уживав да имам интелектуално стимулативни разговори со професорите и колегите, како на предавањата, така и на настани надвор од институтот.

Последипломските студии на Економски институт-Скопје се издвојуваат од другите, заради чувството на припадност кон институцијата кое го имаш додека студираш, достапноста и квалитетот на професорите и на административниот кадар, како и заради квалитетните студиски програми.

Топло го препорачувам Економскиот институт – Скопје како институција за продолжување на студирањето на втор циклус студии, а во исто време и како високообразовна институција на која ќе го зголемите нивото на знаења.

 

м-р Зоран Јанкуловски
Извршен директор на Здружение на финансиски работници-Велес