АЛУМНИ: М-р Зоран Џотов

Желбата да напредувам во кариерата и секогаш да бидам во чекор со современите текови од областа на економијата и банкарството ми беа мотивација да продолжам со моето надоградување на постдипломските студии на Економскиот институт.

Новите знаења и искуства од областа на макроекономијата (финансиите) се неопходни за секојдневното творење, а постдипломските студии ми овозможија да внесам нова перспектива во моите видувања од стручен аспект. Подршката, трансферот на знаење и искуства како и професионалниот пристап на професорите ме одведоа чекор понапред во конкурентското опкуружување и во кариерата.

Зоран Џотов,
Регионален Директор, Стопанска Банка А.Д. Скопје