Ангела Зафирова

Асистент

НАУЧНИ ПОДРАЧЈА НА ИНТЕРЕС

  • финансиски менаџмент

Повеќе за Ангела Зафирова

Ангела Зафирова е родена во 1993 година во Скопје, каде завршува основно и средно образование. Своето образование го продолжува на Универзитетот Американ колеџ во Скопје, каде ги завршува своите додипломски и постдипломски студии. Звањето Дипломиран економист по деловна економија и организациони науки го добива во 2015 година. Звањето магистер по деловна економија и банкарство го добива по одбрана на својот магистерски труд со наслов: „Баланс помеѓу ликвидност и профитабилност: Емпириско проучување на фармацевтската индустрија во Република Северна Македонија”. Магистрирала во мај 2018 година со особен успех.

За време на своите постдипломски студии работи како асистент ревизор во ревизорската компанија Грант Тхорнтон во Скопје. Во февруари 2020 година е вработена како асистент по предметите статистика, математика, банкарство, методи на истражување и вовед во менаџмент на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје. Од декември 2021 година работи во Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а нејзиното сегашно звање е асистент на проблематиката Финансиски менаџмент. Вклучена е во реализацијата на научноистражувачката програма на Економскиот институт и учествува во изработката на повеќе проекти и студии, првенствено од областа на финансискиот менаџмент. Во моментов е запишана на докторски студии од областа на организационите науки и управување (менаџмент) на Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Активно учествува на стручни и научни конференции во земјата и во странство, при што има објавено повеќе трудови како автор и коавтор.