Д-р Катерина Хаџи Наумова Михајловска

Научен соработник

НАУЧНИ ПОДРАЧЈА НА ИНТЕРЕС

  • Агробизнис
  • Менаџмент во аграрот
  • Одржлив рурален развој
  • Органско земјоделско производство

Повеќе за д-р Катерина Хаџи Наумова Михајловска

Д-р Катерина Хаџи Наумова-Михајловска е родена во 1979 година во Скопје. Дипломирала во 2003 година при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Во 2010 година ги завршила последипломските студии по Агробизнис при Економскиот Институт-Скопје и со одбрана на магистерскиот труд на тема: „Инструментите на маркетинг миксот во функија на органското производство” се стекнала со академски степен магистер по економски науки.

Докторирала во април 2014 година со одбрана на докторската дисертација „Можности и перспективи за примена на целосното управување со квалитет во здруженијата на производители на органски производи во Република Македонија“.

Од јуни 2007 година е вработена во Еконoмскиот институт – Скопје како помлад асистент истражувач. Нејзиното сегашно звање е вонреден професор од областа на менаџмент во аграрот. Вклучена е во реализацијата на научноистражувачката програма на Економскиот институт и учествува во изработката на научноистражувачки и апликативни проекти и студии од областа на агробизнисот, агроменаџментот и зелена економија.

Активно учествува на бројни научни собири, конференции, семинари и конгреси и автор е на бројни научни трудови, објавени во земјата и во странство.

Во рамките на последипломските студии на Економскиот институт-Скопје ангажирана е како предметен наставник на предметите Економика во аграрот, Агромаркетинг, Агротуризам, Зелена економија, Зелена логистика, Економија на животна средина и Квалитет и стандардизација.