Економски институт – Скопје: Анкетен Прашалник

Во  Економскиот институт – Скопје во тек е реализација на проектот под наслов „Квалитетот на живот на населението во Република Северна Македонија во време на Covid-19 пандемијата мерен преку индикаторите за квалитет на живот“. Целта на овој проект е да се прикажат постојните состојби на повеќе индикатори за квалитет на живот со кои пореално ќе се отслика квалитетот на живот на населението во Република Северна Македонија.

Во насока на реализација на поставената цел предвидено е спроведување на анкетно истражување  чии резултати треба да помогнат за идентификување на субјективната благосостојба на луѓето, како и за утврдување на идни можни насоки на делување кон унапредување на квалитетот на живот.

Со цел да се добие реална слика за вашето искуство и квалитетот на живот во Република Северна Македонија Ве молиме да пристапите кон пополнување на анкетниот прашалник на следниов линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScE5l7vBELdkKqDzqu3YKZBBAfJUWn6ZxhM7ffR-QXrCsM4RA/viewform?usp=sf_link 

Однапред Ви благодариме за издвоеното време.