м-р Моника Бориќ

Амбицијата да го продолжам своето професионално усовршување во сферата на економијата, финансиите и бизнис секторот ме поврза со најреномираната институција во РСМ Економскиот Институт како единица на УКИМ каде што ги завршив постдипломските студии.
Институтот преку исклучително стручниот кадар и научна програма ми овозможи да навлезам подлабоко во моделите и начинот на функционирање на реалниот бизнис сектор особено во делот на финансискиот менаџмент и неговите алатки во секојдневното работење. Исто така ме мотивираше и поттикна критички и интерактивно да размислувам при соочувањето со реални предизвици во работењето.
На сите колеги и професионалци од различни научни области и занимања им го препорачувам Економскиот Институт бездвоумење, да ја продолжат својата лична и професионална доедукација.

М-р Моника Бориќ
Менаџер за развој на финансиски институции
Кроациа осигурување живот АД Скопје