Ден на кариерен развој

Почитувани студенти,

 

Во прилог Ви ја доставуваме агендата на настанот,,Ден закариерен развој“, што ќе се одржи на 11.05.2023со почеток од 12:00 до 16:00 часот на Техничкиот кампус на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (голем паркинг кај ФЕИТ и Машински факултет).

Настанот е во организација на Центарот за кариера на УКИМ, а во насока на унапредување на вештините и насочување на студентите во нивниот понатамошна едукација и кариерен развој.

На настанот ќе учествуваат 30 етаблирани компании од земјава и странство кои на студентите ќе ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и по завршувањето на студиите. Со свои штандови ќе се претстават: Алкалоид, Филип Морис ТКП,Џонсон Мети, Реплек, Зегин, Јака Нова, Маркарт Македонија, ИГМ Трејд, Van Hool,Вабтек МЗТ, НЛБ банка, ПроКредит Банка, Шпаркасе Банка, Рудник САСА,Синцеритас, Микросам Прилеп, 42 Dynamics, Аспект, ИТХР Македонија, Макстил,Цеметарница Усје, Раде Кончар ТЕП, Жито Лукс, Окта, Технопериа, Адиент, ЛТХЛеарница, IT-Labs, АСК, Thrivity.

            Во насока на понатамошна едукација на студентите ќе бидат претставени и студиските програми од втор циклус  на студии на штандот на Економскиот институт – Скопје

Програмата е надополнета со едукативни сесии што ќе донесат дополнителна вредност за студентите посетители. Фокусот е на теми што имаат за цел да го олеснат процесот на одлучување на студентите за преминување од прв циклус на втор циклус на студии, како и  преминување од академската во бизнис средината.

На настанот, студентите ќе можат да креираат професионално CV со кое ќе можат веднаш да аплицираат на штандовите на компаниите.

               Исто така, ќе биде овозможено и кариерно советување и насочување од страна на Асоцијацијата на кариерни советници.     

                IT-Labsна настанот ќе ја претстават апликацијата за учење на знаковен јазик SignTalks -едукативна апликација за полесно и поефикасно учење на знаковен јазик со помошна вештачка интелигенција, а секој од учесниците/посетителите ќе може да допринесе за развој на базата преку снимање на видеа како се прават знаците.

За време на настанот за доброто расположение ќе се погрижи Dj Јанко, а ќе биде организирана и зона за освежување поддржана од Пивара Скопје.

 

Агенда на настанот ,,Ден за кариерен развој

11.05.2023 од 12:00 до 16:00 часот
на платото кај Техничкиот кампус на УКИМ (голем паркинг на ФЕИТ и Машински факултет)
11:00 Пристигнување на компаниите и нивно сместување
12:00 Пристигнување на студенти и други поканети гости
12:15 Отворање на настанот и кратко претставување на агендата
• Обраќање на ректорот,проф.д-р Никола Јанкуловски
• Обраќање на раководителот на Центарот за кариера на УКИМ, проф.д-р Јасмина Тониќ Рибарска
• Обраќање на претседателот на УСС на УКИМ, Славчо Темелковски
12:30 Заедничка обиколка на организаторите и гостите на сите штандови
13:30 Работилница на тема: Ви треба ли Chat GPT за планирање на кариера?
Асоцијација на советници за развојна кариера
14:15 Музички сет #1
14:30 Работилница на тема: Вмрежување – зошто е важно во процесот на барање работа?
Thrivity
15:00 Музички сет #2