КОНФЕРЕНЦИЈА „РЕГИОНАЛНАТА ТРГОВСКА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА: ПРИДОБИВКИ И ПРЕДИЗВИЦИ“, ОДРЖАНА НА 12.12.2011 ГОДИНА

Meѓународната конференција на тема „Регионалните трговски интеграции на земјите од југоисточна Европа – придобивки и предизвици” во организација на Економскиот институт – Скопје и ЛСЕ, Лондон (London School of Economics), се одржа на 12 декември 2011 година во Скопје. Со свои реферати на конференцијата учествуваа:

  1. г-ѓа Рената Витез: “ЦЕФТА 2006 – достигнувања и проблеми”, д-р Предраг Бјелиќ: “Нецаринските бариери како пречка за трговијата во рамките на ЦЕФТА 2006”
  2. д-р Силвана Мојсовска, д-р Крум Ефремов, д-р Марија Ацковска, “Имплементација на ЦЕФТА 2006 – гледиште од аспект на институциите и политиките”
  3. д-р Ирена Кикеркова: Економска интеграција на земјите од Западен Балкан во рамките на ЦЕФТА 2006 – резултати од македонското искуство
  4. д-р Ванчо Узунов: „Конкурентноста на македонската економија во текот на транзициониот период (1991-2011)”
  5. д-р Татјана Петковска – Мирчевска, д-р Татјана Петковска, д-р Јасмина Мајсторовска, м-р Искра Станчева – Гигов, „Значењето на неценовните фактори за унапредување на извозната понуда на Република Македонија со ЦЕФТА”
  6. г-ѓа Љубица Нури, „Гледиште од бизнис заедницата на Република Македонија за ефектите на регионалната трговска интеграција на земјите од ЈИЕ”
  7. д-р Данијела Јачимовиќ, д-р Саша Дрезгиќ, „Влијание на регионалната трговска интеграција врз СДИ во земјите од ЈИЕ”
  8. д-р Силвана Мојсовска, д-р Гордана Тошева, „Трговското интегрирање на Република Македонија со земјите од ЈИЕ и ЕУ: комплементарност и ефекти”
  9. д-р Билјана Секуловска Габер, „Билатерален наспроти мултилатерален пристап на земјите од ЈИЕ во поглед на регионалната интеграција”.

Конференцијата ја отвори проф. д-р Велимир Стојковски, Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје и проф. д-р Билјана Ангелова, Директор на Економски Институт – Скопје.

Основна цел на конференцијата беше да се понуди комбинација од академски и практични гледишта во однос на регионалната трговска интеграција на земјите од Југоисточна Европа, како и дискусија во однос на предизвиците и перспективите на овој процес.