Почитувани,
Конкурсот за запишување на студенти на трет циклус студии – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2022/2023 година е објавен и истиот е достапен на следниот линк:
https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs_III_ciklus_2022-23.pdf
УСЛОВИ И НАЧИН НА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ:
На докторски студии можат да се запишат лица кои завршиле соодветни академски студии и кои ги исполнуваат следниве основни услови:
- завршени втор циклус академски студии со стекнати најмалку 300 ЕКТС-кредити од првиот и вториот циклус студии збирно;
- завршени постдипломски студии на студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 60 кредити за организирана академска обука и предавања и друг вид комуникациски активности;
- стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со стекнати најмалку 300 ЕКТС-кредити, или со завршени интегрирани студии со 360 кредити;
- остварен просечен успех од претходно завршеното образование (прв и втор циклус студии посебно, односно на интегрираните студии), од најмалку 8,00;
- познавање на англиски јазик и стекнат сертификат/уверение за познавање на англиски јазик.
Рокови за пријавување и запишување на кандидатите
Рок за пријавување и запишување | Прв уписен рок | Втор уписен рок |
Пријавување на кандидатите | 19.9.2022 – 7.10.2022 | 12.12.2022 – 23.12.2022 |
Објавување прелиминарни листи | 14.10.2022 | 28.12.2022 |
Одлучување по приговори | 20.10.2022 | 10.1.2023 |
Објавување конечни листи | 24.10.2022 | 17.1.2023 |
Запишување на кандидатите | 26.10.2022 – 4.11.2022 | 23.1.2023 – 27.1.2023 |
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/SSDS/O1-PK-Prijaven-list-za-konkuriranje.docx
- првична согласност на ментор од листата на ментори https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/SSDS/O2-PSM-Prvichna-soglasnost-na-mentor.docx
- писмо за мотивација со назначување на областа на истражување;
- кратка биографија;
- уверение за положени испити од прв циклус студии, односно од додипломски студии;
- уверение за положени испити од втор циклус студии, односно од постдипломски студии;
- диплома од прв циклус студии, односно од додипломски студии;
- диплома од втор циклус студии, односно од постдипломски студии;
- сертификат/уверение за познавање на англиски јазик. Познавање на англиски јазик, што се докажува со уверение или сертификат издаден од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за ниво Б2 според Европската јазична рамка на Сoветот на Европа, меѓународен сертификат за истото ниво издаден од официјален европски тестатор, утврден со конкурсот или диплома за претходно стекнато образование – додипломски студии (прв циклус) и/или постдипломски студии (втор циклус) каде што студиската програма се изведувала на англиски јазик.
- кандидатите кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и постдипломски студии (втор циклус), го завршиле во странство, доставуваат нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување на трет циклус студии – докторски студии, како и еквиваленција на оценките, доколку системот на оценување е различен од Република Северна Македонија.