Петтиот меѓународен симпозиум за сметководство и финансии се одржа во Бурса/ТУРЦИЈА во периодот 1-4 мај, 2019 година. Конференцијата се реализираше во ко-организација на Здружението на академици за сметководство и финансии (MUFAD), Турција; Универзитетот Бурса Улудаг,Турција; Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Економскиот институт-Скопје, Република Македонија и Државниот економски универзитет на Азербејџан.
На симпозиумот покрај претставниците на Сојузот на комори на овластени сметководители на Турција и Управата за јавен надзор, присуствуваа и претставници од шест странски универзитети меѓу кои од Јапонија, Азербејџан, Македонија, Египет , Авганистан, Сомалија како и 37 државни универзитет и 11 приватни универзитети од Турција како земја-домаќин. На Симпозиумот беа презентирани вкупно 74 трудови.