Работилница на тема: Финансирање на меѓународните организации: Искуства, можности и предизвици

На 28 Ноември 2018 година,  на Економскиот институт – Скопје се одржи работилница на тема „Финансирање на меѓународните организации: Искуства, можности и предизвици”. На истата учествуваа меѓународни и регионални организации, високообразовни установи и организации од граѓанскиот сектор. Настанот се организираше во соработка со МВР. Работилницата ја отвори директорот на институтот, проф. д-р Зоран Јаневски и Магдалена Несторовска, државен секретар во МВР, како и Тања Левајковиќ, помошник-министер за внатрешни работи и Драганчо Апостоловски од Министерството за надворешни работи. 

Покрај нив, свои дискусии имаа Мелита Груевска – Грахам, Катерина Кулишевска, Келменд Зајази и уште неколкумина претставници на неколку меѓународни организации. Работилницата беше модерирана од проф. д-р Силвана Мојсовска. Во програмата беа презентирани неколку меѓународни организации, како и се дискутираше и за состојбите, искустава и перспективите во финансирањето не само на меѓународните, туку и на регионалните организации.