Светски ден на науката за мир и развој

На 10 Ноември 2022 година, Економскиот институт – Скопје беше дел од настанот со кој Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го одбележa Светскиот ден на науката за мир и развој. Оваа година, покрај доделување на Наградата за најдобри научници/уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за 2021 година, Универзитетот додели и Плакети за посебен придонес во развојот на научноистражувачката дејност на Универзитетот, постигнати исклучителни достигнувања во кариерата и меѓународна признаена извонредност, како значаен придонес во унапредувањето и развојот на Универзитетот.