Успешно реализиран “Ден на кариерен развој на УКИМ”

Економски институт – Скопје, вчера беше дел од настанот ,,Ден за кариерен развој“ кој се одржа на  Техничкиот кампус на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Институтот презентираше дел од своите последни изданија на истражувачките активности. Исто така, студентите имаа и можност да се запознаат со студиските програми од вториот циклус на студии кои ги нуди Институтот.