На 23.11.2022 година во организација на Екoномскиот институт – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а како дел од јубилејната програма на институтот за одбележување на неговото 70 годишно постоење, се одржа вебинар на тема Предизвици и можности за развој на МПС во Република Северна Македонија. Предавачите м-р Татјана Вељковиќ м-р Бојана Крстевска ги претставија можностите за финансирање и развој на МПС во Република Северна Македонија. Ова беше вториот од предвидената серија на вебинари на релевантни и актуелни теми, како можност за презентирање на научноистражувачките наоди, размена на мислења и иницирање академска дискусија.