Вебинар: Пост Ковид-19 предизвици за развој на Македонската Економија

На 6.4.2022 година во организација на Екномскиот институт – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а како дел од јубилејната програма на институтот за одбележување на неговото 70 годишно постоење, се одржа вебинар на тема Пост Ковид-19 предизвици за развој на македонската економија. Предавачите проф. д-р Силвана Мојсовска и проф. д-р Владимир Петковски ја претставија макроекономската слика на Република Северна Македонија и глобалните економски текови во последните пет години, дадоа осврт кон кризата од пандемијата Ковид-19 и се разви дискусија за тековните предизвици и можните пристапи во управувањето со влијанијата од надворешните шокови.

Дополнително беа презентирани и наодите од научно истражувачкиот проект „Квалитетот на животот на населението во Република Северна Македонија во време на COVID -19 пандемијата мерен преку индикаторите за квалитет на живот“, со посебен акцент на материјалните услови за живот и економската безбедност. Ова беше првиот од предвидената серија на вебинари на релевантни и актуелни теми, како можност за презентирање на научноистражувачките наоди, размена на мислења и иницирање академска дискусија.