Бизнис менаџмент (нова студиска програма)
Студиската програма по Бизнис менаџмент обезбедува интердисциплинарен пристап при изучувањето на економската реалност кој е неопходен со оглед на современите научни сознанија и трендови на модерната глобализирана економија, како и динамичките промени во современото економско опкружување и и потреба за континуирано задоволување на растечките потреби на деловните субјектии државните институции за компетентни стручни кадри од економската и правната сфера.
Студиите од областа на бизнис менаџментот имаат за цел да обезбедат продлабочени знаења за финансиската и маркетинг теорија и пракса, што овозможува стекнување на знаења и вештини за стручна и научна проценка како конзистентна основа за донесување одлуки за инвестирање, тековно работење, одржување на линквидност, дивидендна политика, управување со изворите и средствата на компанијата, начините за истражување на пазарот заради утврдување на преференциите на потрошувачите,концепирање на адекватна стратегија за подолгорочно позиционирање на домашниот и странскиот пазар и сл.
Правните аспекти за имплементација на оваа програма се огледаат во интегралната целина меѓу правото и економијата односно како поддршка за развојот на бизнисот и економијата, бидејќи правото е основен чинител кој се грижи за заштитата, а воедно и овозможува ефикасно работење (законско) на сите економски субјекти од јавен и пред се приватен карактер коишто егзистираат во државата. Правните аспекти на оваа програма овозможуваат запознавање со основите пред се на корпоративното право, деловното право, правниот статус на субјектите, нивните органи, нивното влегување во правниот промет, склучување на договори, заштита на нивната интелектуална и индустриска сопственост и сл. Студиската програма по Бизнис Менаџмент е достапна и акредитирана и како стуиум на англиски јазик.
Решение за акредитација:
⇓ Бизнис менаџмент (4+1)
⇓ Бизнис менаџмент (3+2)
Решение за почеток со работа:
⇓ Бизнис менаџмент (4+1)
⇓ Бизнис менаџмент (3+2)
Студиска програма Бизнис менаџмент (4+1, вкупно 60 кредити)
II Семестар | |||
---|---|---|---|
Број | Код | Предмети | ЕКТС |
1. | Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма | 5 | |
2. | Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма | 5 | |
БММР/2023 | Магистерски труд | 20 | |
Вкупно | 30 |
Студиска програма Бизнис менаџмент (3+2, вкупно 120 кредити)
IV Семестар | |||
---|---|---|---|
Број | Код | Предмети | ЕКТС |
1. | Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма | 5 | |
2. | БМПЗ/2023 | Проектна задача | 5 |
3. | БММР/2023 | Магистерски труд | 20 |
Вкупно | 30 |
Потребни документи за запишување
– Уверение од факултет (оригинал или копија заверена на нотар)
– Биографија
– Државјанство (уверение)
– Потврда за познавање на странски јазик
– Молба адресирана до Научен совет при Економски институт-Скопје
– Пријавен лист
– Образец за запишување на семестар
– Индекс
– Таксена марка уплатена со СМС порака: “ТМ(празно место)ИМЕ(празно место)ПРЕЗИМЕ(празно место)цена”
Пораката се праќа на бројот: 144 166
Начинот на студирање ќе се остварува според Правилата за студирање на едногодишни и двегодишни студии, објавени на веб-страната на Економскиот институт-Скопје.