Меѓународна економија (нова студиска програма)

Студиската програма по меѓународна економија вклучува изучување на фундаменталните законитости на светското стопанство во целина, како и на поодделните негови компоненти – меѓународниот трговски систем, меѓународниот финансиски систем, меѓународниот производствен систем и меѓународниот пазар на труд. Покрај тоа, соодветно внимание се посветува и на најзначајните меѓународни економски институции – Меѓународниот Монетарен Фонд, Светската Банка и Светската трговска организација, преку презентирање на целите, структурата и мисијата на овие организации и нивната улога во меѓународните економски односи.

Поконкретно, во рамките на студиската програма се изучуваат трговските режими и инструментите што се користат во националните трговски политики, како и особеностите во меѓународниот трговски систем, посебно од аспект на правата и обврските што произлегуваат од трговската интеграција. Понатаму, се обработуваат детерминантите и начините на интернационализација на капиталот и производството, тековите на капиталот и странските директни инвестиции, девизните курсеви, инструментите на монетарната и фискалната политика и нивното влијание врз извозот и увозот на националните економии, а посебно внимание се посветува на детерминантите на билансот на плаќање. Студиската програма по меѓународна економија нуди специфични знаења и во однос на економските, правните и политичките компоненти на меѓународното деловно опкружување, како и карактеристиките на меѓународниот пазар на труд што ги детерминираат односите со светското стопанство.

Во текот на студиите, студентите се стекнуваат со аналитичко-истражувачки вештини за истражување на конкретни од областа на меѓународната економија, што претставува основа за ангажман на разновидни економски проекти и работа во извозно-ориентирани компании. Покрај тоа, знаењата стекнати преку оваа студиска програма може да се искористат во институции со надлежност за креирање на макроекономските политики, посебно на трговската, инвестиционата и монетарната политика, како и при водењето на економските аспекти од надворешната политика на Република Македонија.

Решение за почеток со работа:

⇓ Меѓународна економија (4+1)
⇓ Меѓународна економија (3+2)

Студиска програма Меѓународна економија (4+1, вкупно 60 кредити)

I Семестар
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.МЕ101/2023Меѓународна трговијапроф. д-р Силвана Мојсовска проф. д-р Искра Станчева Гигов10
2.МЕ102/2023Глобална економијапроф. д-р Силвана Мојсовска проф. д-р Васил Поповски10
3.МЕ103/2023Меѓународни финансиипроф. д-р Снежана Костадиноска Милошеска
проф. д-р Климентина Попоска
10
Вкупно30

II Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
2.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
3.МЕМР/2023Магистерски труд20
Вкупно30

Изборни предмети (4+1)
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.МЕ201/2023Економија на европската интеграцијапроф д-р Силвана Мојсовска
проф д-р Снежана Костадиновска Милошеска
5
2.МЕ202/2023Меѓународна конкурентностпроф д-р Александра Лозаноска
проф д-р Елизабета Џамбаска
5
3.МЕ204/2023Дигитална економија и глобализацијапроф д-р Зоран Јаневски
проф д-р Владимир Петковски
5
4.МЕ205/2023Глобално претприемништвопроф д-р Васил Поповски
проф д-р Силвана Мојсовска
5
5.МЕК3201/2022Меѓународен бизниспроф д-р Силвана Мојсовска
проф д-р Искра Станчева Гигов
5
6.ММ203/2023Меѓународни пазари на трудотпроф д-р Александра Лозаноска
проф д-р Ирина Пиперкова
5

Студиска програма Меѓународна економија (3+2, вкупно 120 кредити)

I Семестар
Број КодПредметиНаставнициЕКТС
1.МЕ101/2023Меѓународна трговијапроф. д-р Силвана Мојсовска проф. д-р Искра Станчева Гигов10
2.МЕ102/2023Глобална економијапроф. д-р Силвана Мојсовска проф. д-р Васил Поповски10
3.МЕ103/2023Меѓународни финансиипроф. д-р Снежана Костадиноска Милошеска
проф. д-р Климентина Попоска
10
Вкупно30

II Семестар
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.МЕ104/2023Инвестиции и трансфер на технологијапроф. д-р Диана Бошковска
проф. д-р Елизабета Џамбаска
10
2.МЕ105/2023Меѓународен менаџментпроф. д-р Васил Поповски
проф. д-р Силвана Мојсовска
10
3.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
4.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
Вкупно30

III Семестар
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.МЕ106/2023Меѓународно бизнис опкружувањепроф. д-р Александра Лозаноска
проф. д-р Елизабета Џамбаска
10
2.МЕ107/2023Меѓународен маркетингпроф. д-р Татјана Петковска Мирчевска
проф. д-р Александра Лозаноска
10
3.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
Вкупно30

IV Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
2.МЕПЗ/2023Проектна задача5
3.МЕМР/2023Магистерски труд20
Вкупно30

Изборни предмети (3+2)
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.МЕ201/2023Економија на европската интеграцијапроф д-р Силвана Мојсовска
проф д-р Снежана Костадиновска Милошеска
5
2.МЕ202/2023Меѓународна конкурентностпроф д-р Александра Лозаноска
проф д-р Елизабета Џамбаска
5
3.МЕ203/2023Економска дипломатијапроф д-р Силвана Мојсовска
проф д-р Искра Станчева Гигов
5
4.МЕ204/2023Дигитална економија и глобализацијапроф д-р Зоран Јаневски
проф д-р Владимир Петковски
5
5.МЕ205/2023Глобално претприемништвопроф д-р Васил Поповски
проф д-р Силвана Мојсовска
5
6.МЕК3201/2022Меѓународен бизниспроф д-р Силвана Мојсовска
проф д-р Искра Станчева Гигов
5
7.ММ203/2023Меѓународни пазари на трудотпроф д-р Александра Лозаноска
проф д-р Ирина Пиперкова
5
8.МЕК3205/2022Менаџерско одлучувањепроф д-р Васил Поповски
проф д-р Ирина Пиперкова
5
9.БМ205/2023Зелена економијапроф д-р Катерина Хаџи Наумова Михајловска
проф д-р Владимир Петковски
5
10.МЕК3204/2022Истражување на пзаротпроф д-р Татјана Петковска Мирчевска
проф д-р Искра Станчева Гигов
5

Потребни документи за запишување

– Уверение од факултет (оригинал или копија заверена на нотар)
– Биографија
– Државјанство (уверение)
– Потврда за познавање на странски јазик
– Молба адресирана до Научен совет при Економски институт-Скопје
– Пријавен лист
– Образец за запишување на семестар
– Индекс
– Таксена марка уплатена со СМС порака: “ТМ(празно место)ИМЕ(празно место)ПРЕЗИМЕ(празно место)цена”
Пораката се праќа на бројот: 144 166

Начинот на студирање ќе се остварува според Правилата за студирање на едногодишни и двегодишни студии, објавени на веб-страната на Економскиот институт-Скопје.