Интернационална Конференција, онлајн, 1ви јуни 2022 (ВИДЕО)

Оваа година Економски Институт – Скопје прославува 70 години од своето постоење. Низ годините Економски Институт – Скопје ги прославува своите годишнини со научни конференции, меѓу другите активности, на релевантни и актуелни теми, како можност за презентација на научни истражувања, размена на мислења и започнување на академска дискусија. Како дел од прославата по повод 70 години од своето постоење, Економски Институт Скопје, организираше Меѓународна научна конференција на тема: Современи предизвици на економски раст и одржливост на бизнисите, која се одржа онлајн на 1ви јуни оваа година.

 

СЕСИЈА I Детерминанти на економскиот раст – моментална ситуација и изгледи за иднина

СЕСИЈА II Макроекономска и секторска политика – предизвици во новата реалност

СЕСИЈА III Клучни бизнис прашања – соочување со предизвици, искористување на можностите