Меѓународен менаџмент (нова студиска програма)

 

Постдипломските студии по меѓународен менаџмент, егзистираат од учебната 2004/05 година. Во изминативе 11 години, според следењето на потребите и искуствата од земјите со пазарно стопанство, студиската програма по меѓународен менаџмент се физиономираше да ги задоволува образовните потреби на магистерско ниво со пошироко научно значење во доменот на менаџментот и организациските науки и на одредени аспекти на економските истражувања и врз тие сознанија нуди подолгорочни системски или организациски трансформации во истражуваното подрачје.

Студиската програма обезбедува целокупна основа за разбирање на функционирањето на менаџментот посебно на меѓународниот менаџмент, пропратено со критична анализа во контекст на условите на работење на менаџерите. Основната цел на студиската програма по Меѓународен менаџмент е да ги обучи, оспособи и обезбеди младите менаџери со знаења и вештини кои им се неопходни за да менаџираат компетентно, способно, морално и етички. Придобивките од учењето се однесуваат на тоа што студентите ќе го знаат, или ќе умеат да го прават со завршувањето на оваа студиска програма.

Во реализацијата на студиите се поаѓа од холистичкиот пристап на третирањето на менаџментот, економската теорија, организацијата (фирмата, институцијата) како доминантен објект на проучување, и улогата на менаџментот во неа, со нагласен апликативен развоен карактер: од дијагноза на состојбите, преку проектирање, до имплементирање на решенија за менување на состојбите кои ги засегаат организациите. Во таа насока студентите се охрабруваат своите семинарски и магистарски трудови да ги темелат на реални проблеми и конкретни организации. Интересите на поединците и кандидатите што се испратени на постдипломските студии од страна на организациите се задоволуваат со системот на изборни предмети од и вон студиската програма.

Едновремено, оваа програма овозможува да се стекнат вредни знаења и вештини за менаџерскиот процес, корисни за сите студенти кои сакаат да се ангажираат во проекти во доменот на менаџери за развој, проект менаџери и друго во постојните претпријатија, како и за оние кои ќе се бават со консултативна и советодавна улога поврзана со растот и развојот на мултинационалните копмании. Континуираното образование и создавањето на високообразовни и компетентни кадри кои ќе поседуваат знаења и способности за успешно соочување со постојните промени и предизвици е императив за овие последипломски студии по Меѓународен менаџмент.

Студиска програма Меѓународен менаџмент (4+1, вкупно 60 кредити)

I Семестар
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.ММ101/2023Меѓународен менаџментпроф. д-р Васил Поповски
проф. д-р Силвана Мојсовска
10
2.ММ102/2023Стратегиски менаџментпроф. д-р Зоран Јаневски
проф.
д-р Ирина Пиперкова
10
3.ММ103/2023Менаџмент на човечки ресурсипроф. д-р Васил Поповски
проф. д-р Ирина Пиперкова
10
Вкупно30

II Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
2.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
3.МММР/2023Магистерски труд20
Вкупно30

Изборни предмети (4+1)
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.ММ201/2023Водство и организациско однесувањепроф д-р Васил Поповски
проф д-р Наташа Данилоска
5
2.ММ202/2023Деловна етика и КООпроф д-р Ирина Пиперкова
проф д-р Елена Давитковска
5
3.ММ203/2023Меѓународни пазари на трудотпроф д-р Александра Лозаноска
проф д-р Ирина Пиперкова
5
4.ММ204/2023Бренд менаџментпроф д-р Татјана Петковска Мирчевска
проф д-р Васил Поповски
5
5.МЕ204/2023Дигитална економија и глобализацијапроф д-р Зоран Јаневски
проф д-р Владимир Петковски
5
6.БМ201/2023Менаџмент на променипроф д-р Васил Поповски
проф д-р Елизабета Џамбаска
5

Студиска програма Меѓународен менаџмент (3+2, вкупно 120 кредити)

I Семестар
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.ММ101/2023Меѓународен менаџментпроф. д-р Васил Поповски
проф. д-р Силвана Мојсовска
10
2.ММ102/2023Стратегиски менаџментпроф. д-р Зоран Јаневски
проф. д-р Ирина Пиперкова
10
3.ММ103/2023Менаџмент на човечки ресурсипроф. д-р Васил Поповски
проф. д-р Ирина Пиперкова
10
Вкупно30

II Семестар
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.ММ104/2023Меѓународен маркетингпроф. д-р Татјана Петковска Мирчевска
проф. д-р Александра Лозаноска
10
2.ММ105/2023Глобална економијапроф. д-р Силвана Мојсовска
проф. д-р Васил Поповски
10
3.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
Вкупно30

III Семестар
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.ММ106/2023Меѓународен финансиски менаџментпроф. д-р Билјана Ангелова
проф.д-р Снежана Костадиноска-Милошеска
10
2.ММ107/2023Менаџмент на иновациипроф. д-р Васил Поповски
проф. д-р Ирина Пиперкова
10
3.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
Вкупно30

IV Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.Изборен наставен предмет од листата на изборни предмети на студиската програма5
2.ММПЗ/2023Проектна задача5
3.МММР/2023Магистерски труд20
Вкупно30

Изборни предмети (3+2)
БројКодПредметиНаставнициЕКТС
1.ММ201/2023Водство и организациско однесувањепроф д-р Васил Поповски
проф д-р Наташа Данилоска
5
2.ММ202/2023Деловна етика и КООпроф д-р Ирина Пиперкова
проф д-р Елена Давитковска
5
3.ММ203/2023Меѓународни пазари на трудотпроф д-р Александра Лозаноска
проф д-р Ирина Пиперкова
5
4.ММ204/2023Бренд менаџментпроф д-р Татјана Петковска Мирчевска
проф д-р Васил Поповски
5
5.ММ205/2023Економија за менаџерипроф д-р Елизабета Џамбаска
проф д-р Владимир Петковски
5
6.МЕ204/2023Дигитална економија и глобализацијапроф д-р Зоран Јаневски
проф д-р Владимир Петковски
5
7.БМ201/2023Менаџмент на променипроф д-р Васил Поповски
проф д-р Елизабета Џамбаска
5
8.МЕ205/2023Глобално претприемништвопроф д-р Васил Поповски
проф д-р Силвана Мојсовска
5
9.БМ202/2023Спојување и превземањепроф д-р Биљана Ангелова
проф д-р Диана Бошковска
5
10.ЛБ205/2023Бизнис логистикапроф д-р Неда Петроска Ангеловска
проф д-р Ирина Пиперкова
5

Потребни документи за запишување

– Уверение од факултет (оригинал или копија заверена на нотар)
– Биографија
– Државјанство (уверение)
– Потврда за познавање на странски јазик
– Молба адресирана до Научен совет при Економски институт-Скопје
– Пријавен лист
– Образец за запишување на семестар
– Индекс
– Таксена марка уплатена со СМС порака: “ТМ(празно место)ИМЕ(празно место)ПРЕЗИМЕ(празно место)цена”
Пораката се праќа на бројот: 144 166

Начинот на студирање ќе се остварува според Правилата за студирање на едногодишни и двегодишни студии, објавени на веб-страната на Економскиот институт-Скопје.