Економски институт-Скопје со особена чест и задоволство објавува дека новиот Ректор на УКИМ е проф. д-р Биљана Ангелова, редовен професор на Институтот. Упатуваме искрени честитки со желба за успешен мандат!
Професорката Биљана Ангелова е новиот ректор на УКИМ
Пријавување на испити за јунската сесија – втор циклус на студии
Почитувани студенти, Пријавувањето на испити за јунската сесија започнува од 01.06.2023 заклучно со 07.06.2023 година. Испитната сесија ќе започне на 12.06.2023 и ќе трае до 30.06.2023 година. Распоредот ќе ви биде испратен дополнително. Потребни документи : – Пријава за испит – Уплатница за извршена уплата од испит Со почит, Економски институт – Скопје
Чествување на денот на Св. Кирил и Методиј
Делегацијата од Економски институт – Скопје заедно со Проректорката за финансии, инвестиции и развој положија цвеќе во знак на чествување на денот на Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Обука за Применета економетрија
Последните два термини од обуката за Применета економетрија ги покрија следните теми поврзани со практична примена на индикаторските (dummy) варијабли: – Интеракција помеѓу квалитативните фактори; – Тестирање на еквивалентноста на две регресии и – Примена на овие варијабли користејќи податоци за временски серии. Следно, беше ставен акцент на: Лог-линеарните модели, Моделот на линеарна веројатност […]
Успешно реализиран “Ден на кариерен развој на УКИМ”
Економски институт – Скопје, вчера беше дел од настанот ,,Ден за кариерен развој“ кој се одржа на Техничкиот кампус на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Институтот презентираше дел од своите последни изданија на истражувачките активности. Исто така, студентите имаа и можност да се запознаат со студиските програми од вториот циклус […]
Повик за доставување на трудови за следното издание на списанието Economic Development!
Економски Институт – Скопје објавува ПОВИК за доставување на трудови за следното издание на меѓународното научно списание Economic Development, кое е индексирано во датабазата на EBSCO и публикува теоретски и емпириски истражувања од економски науки и организациски науки и менаџмент. Во списанието се објавуваат трудови како: есеи, стручни трудови, осврти, […]
Одржување на обуки за Применета економерија на Економски институт – Скопје
Во Економскиот институт – Скопје, УКИМ започнувајќи од 03.05.2023 година се одржуваат обуки за Применета економетрија кои на сите учесници им овозможуваат да го подигнат истражувачкиот капацитет и да се запознаат со новите истражувачки методи и модели во научноистражувачката работа.
Ден на кариерен развој
Почитувани студенти, Во прилог Ви ја доставуваме агендата на настанот,,Ден закариерен развој“, што ќе се одржи на 11.05.2023со почеток од 12:00 до 16:00 часот на Техничкиот кампус на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (голем паркинг кај ФЕИТ и Машински факултет). Настанот е во организација на Центарот за кариера […]
ИЗЛЕЗЕ НАЈНОВИОТ БРОЈ НА НАШЕТО СПИСАНИЕ Economic Development Year.25 No. 1-2/2023, April 2023
Излезе најновиот број на нашето списание Economic Development- Економски развој год.25 бр.1-2 (2023). Ова е меѓународно списание кое се објавува во електронска форма. Уредувачкиот одбор е составен од домашни и странски научници. Излегува 2 пати во годината, во јуни и декември. Опфаќа трудови од економски и социјален развој, демографија, образование, […]
Повик за Фулбрајт стипендии
Почитувани, Сакаме да Ве информираме дека повиците за аплицирање за Фулбрајт стипендиите (постдипломски и постдокторски студии) за 2024/2025 година се објавени и истите се достапни на следниве линкови: The Fulbright Scholar Competition for the 2024-2025 Academic Year Is Now Open – U.S. Embassy in North Macedonia (usembassy.gov) The Fulbright Student […]